ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Османи го посочи виновникот за забелешките во Извештајот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оцени дека виновник за негативните забелешки во Извештајот од Европската Комисија е опозицијата. Како што рече тој, извештајот ќе нотирал поларизација помеѓу политичките партии и блокада на Парламентот
„Според мое читање, во суштина на слабостите што ќе ги констатира Извештајот е политичката поларизација и блокадата на Парламентот како место каде што се носат законски и реформски решенија…она што гледаме како детектирани слабости се симптоми на една причина, а причината е политичката поларизација, односно обидот да се ставаат партиските интереси над државните“, рече Османи.