За „катиљ“ извештајот на ЕК власта ја обвинува опозицијата, а таа – власта!

Власта ја обвинува опозицијата за забелешките во извештајот на ЕК за напредокот на државата. Бујар Османи вели дека политичката поларизација и блокирањето на Собранието од страна на опозицијата го забавила реформскиот процес на државата. Според него, забелешките на Брисел не се упатени само до Владата, туку и до опозицијата, која – како што рече тој – за ситни дневно-политички интереси со години ги блокира реформските решенија и спроведувањето на законите.
„Најдобар начин за решавање на слабостите е преку отворање на поглавјата. Затоа сите наши напори, како што често велам, ќе сториме сè за да ги отвориме поглавјата, бидејќи тоа е единствениот начин да се решат слабостите што ги има државата и кои извештајот на крајот може да ги открие. Според моите информации, од она што го имам од извештајот, во основа е дека политичката поларизација и блокирањето на Собранието го забави реформскиот процес на државата“, рече Османи.
Но, според ВМРО, извештајот е доказ дека власта не е фокусирана на европската агенда и оти документот е одраз на стагнацијата во државава.
Ајнур Бафќари