ВЕСТИЗДРАВСТВО

Скандалот со онкологија сè уште во предистражна фаза

Според досегашната истрага на Обвинителството, постои сомневање дека пациентите кои примале приватна терапија влегувале за време на третата смена од задната врата.

Advertisements

Директорката на онкологија Клисарова, не даде многу детали, но беше прекината од министерот Меџити.

Министерот Меџити рече дека сега има нова пракса и оти немало да се чека новинарите да откриваат скандали, туку тој лично ќе се залагал документите да бидат доставени до Обвинителството.

Организацискиот директор Халид Матоши, рече дека терапии се обезбедени за до крајот на годинава, но оти првичниот буџет бил недоволен, па морало да се интервенира со уште два анекса. Министерот Меџити му дошепна во која насока да одговори на нашето прашање.

„За тоа направивме анекс со 120 милиони денари и имаме согласност до крајот на годината да направиме анекс-договор за уште 140 милиони денари“, рече Матоши.

Една година откако Алсат го обелодени скандалот на Онкологија за сомневањата за продажба на скапи терапии за рак на црно и други злоупотреби, дури сега Обвинителството покрена пресистражна постапка, но сè уште нема резултати. Според официјалните податоци, во моментов во С Македонија има околу 70.000 пациенти со рак.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button