ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево со ниски утрински температури и магла на некои места

Времето денеска во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб ветер од променлив правец. Претпладне во западните делови ќе има појава на ниска облачност или магла, информираат од УХМР.

Advertisements

Минималните температури ќе се движат од 1 до 9 Целзиусови степени, а максималните од 10 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 6, а максималната 15 Целзиусови степени.

За утре од УХМР најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button