Познат предлогот за нов директор на ОТА

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на предлог на Комисијата, денеска едногласно ја донесоа одлуката Марија Јаничевска да биде директор на Оперативно-техничката агенција (ОТА).
Образложувајќи го предлогот, претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска, посочи дека Јаничевска е родена 1978 година во Скопје и дека била државен советник за општи работи во ОТА, а прочита и други детали од нејзината биографија.
Како што информира Георгиевска, за функцијата директор на ОТА се пријавило 21 лице.
Одлуката за распишување на оглас за избор на нов директор на ОТА, Собранието ја изгласа на 5 септември, на само два дена пред истекот на петгодишниот мандат на претходниот раководител Зоран Ангеловски, а утредента беше објавена во „Службен весник“.