ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експертите песимисти дека власта ќе се отрезни од критиките на ЕК

Извештајот на Европската комисија даде јасни насоки кои земјата мора да ги следи без алтернатива, оценуваат експертите. Марко Трошановски од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ оценува дека извештајот бил јасен за обврските на Собранието, особено за новата регулатива и знамето на ЕУ во законските процедури.

Advertisements

Ивана Петковска од Коалицијата „Сите за правично судење“ во интервју за Алсат рече дека наодите од извештајот се очекувани, но оти и покрја тоа, мала е надежта дека извршната, законодавната и судската власт ќе преземат чекори за подобрување на состојбата.

Извештајот на ЕК заклучи дека нема напредок во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Загрижува застарувањето на кривичните случаи против личности од висок профил. Во законодавната сфера, ЕК го потенцираше недостигот на политички дијалог, блокирањето на Собранието и злоупотребата на знамето на ЕУ во правните процедури за да се избегне дебата.

Адријан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button