
Еден од најважните натпревари во оваа сезона од бразилската лига се одигра синоќа помеѓу Ботафого и Гремио. Во „луд“ натпревар Гремио победи со 4-3 на гостински терен, а блескаше Луис Суарез. Ботафого, водечкиот тим во лигата, водеше со 3-1 до 50. минута, а потоа следуваше шоуто на легендарниот Луис Суарез.
Уругваецот, кој во јануари ќе го прослави 37. роденден, за 20 минути постигна хет-трик и се погрижи за неверојатен пресврт. Така Суарез стигна до својот 14. гол оваа сезона, а Гремио се израмни на врвот на табелата со Ботафого и со Палмеирас. Ботафого има натпревар помалку, како и четвртопласираниот Брагантино, кој исто така има бод помалку.