Изменето обвининието за „Трезор“ – Мијалков ќе се гони за помало кривично дело

Обвинителството го измени обвинителниот акт за случајот “Трезор”, во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Наместо за злоупотреба на службената положба, обвинителот Пеливанов побара обвинетите да се судат за пречекорување на границите на своите службени овластувања.
Според новото кривично дело, казната затвор е од 6 месеци до 3 години, што е помалку од претходното кривично дело за кое беше пропишана можеше да затворска казна од 6 месеци до 5 години.
Одбраната негодуваше и рече дека обвинителство се обидува на било каков начин и незаконски да го спаси обвинението.
Случајот „Трезор“ е единствениот останат предмет за кој му се суди на Мијалков и се однесува на начинот на набавка на опрема за следење на комуникациите од Велика Британија.