СПОРТФУДБАЛ

40-годишниот Пепе повторно се враќа во репрезентацијата на Португалија

Искусниот дефанзивец Пепе се врати во фудбалската репрезентација на Португалија, чиј состав е објавен пред претстојните европски квалификации со Лихтенштајн и со Исланд.

Advertisements

Португалија на Кристијано Роналдо има осум на осум натпревари и има осум бода повеќе од второпласираната селекција, па веќе обезбеди пласман на ЕВРО 2024 во Германија.

„Целта за него и за нас е тој да биде во форма за овие натпревари“, изјави селекторот Роберто Мартинез за Пепе на официјалната прес-конференција.

40-годишниот Пепе, кој моментно игра за Порто, според Мартинез е „исклучителен професионалец со непроценливо искуство“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button