Стружани пак останаа без чиста за вода за пиење

Стружани скоро една недела не можеа да пијат вода од градскиот водовод. Обилните врнежи од дожд ги заматија изворите кај Горна Белица, од каде градот и некои од населените места се снабдуваа со вода. Анализите на Центарот за јавно здравје покажаа заматеност на водата, значително поголема од законски пропишаната.
„Таа вода е здравствено небезбедна прво заради тоа што матноста доаѓа и технички од земјата, од самото дно, самата подлога од кое се направени каптажите, односно извориштата,но таа матна вода може да содржи и патогени микроорганизми, како и хемиски токсични материи, кои можат да бидат опасни по здравјето на луѓето“, рече Сашо Точков-директор на Центар за јавно здравје Охрид.
Речиси при секој пообилен дожд Струга се соочувува со овој проблем,а Стружани се принудени да купуваат флаширана вода. Од Водовод Струга, велат дека го лоцирале проблемот.
„Испративме екипи кај изворите и најдовме каде е проблемот, поточно кај петата каптажа на хидроелектраните. Поради тоа ние контактиравме со компанијата која менаџира со тие електрани и имаме закажано состанок за веднаш се реши тој проблем. Сега нема да има проблеми, бидејки петата каптажа е блокирана, но ние како долготрајно решение, планираме да поставиме филтри после тие електрани“, рече Дашмир Насуфи, директор на Водовод Струга.
„Толку долго еден ист проблем да тлее и постојано да се провлекува години наназад,јас сум дваесеттина години овде истотот го зборуваме постојано. Апелираме преку здруженија, директно до институциите, кои се надлежни, до локалните самоуправи“, вели Сашо Точков-директор на Центар за јавно здравје Охрид.
Кога пред две години водата исто така беше загадена,од Водовод Струга рекоа дека се договориле со компанијата, сопственик на хидроелектраната, проблемот да се реши, но наместо тоа, Стружани и натаму ја плаќаат цената и остануваат без чиста вода за пиење.
Мики Трајковски