
Сами си поставуваат роковите и сами ги пробиваат. Тоа се случи и со усогласување на нацрт-законот за нелојална трговија. На средбата што ја имаа пред еден месец, претставници на Стопанската комора со Министерството за економија рекоа дека до 25 октомври ќе ги достават сите забелешки за овој предлог-закон. Овие детали ниту во втората недела од ноември не се објавени.
„Во фаза сме на дискусија и консолидирање на нашите забелешки во однос на предложениот закон за нелојална трговија. Во овој момент немаме ништо конкретно што би можеле да го споделиме со јавноста во врска со овие забелешки“, велат од Стопанската комора.
Прашавме и во Министерството за економија, кои се предлагачи на нацрт -законот за спречување на нелојалната трговија, од каде ни рекоа дека коментарите на деловните фирми ќе бидат објавени следната недела. Министерот Крешник Бектеши рече дека ќе ги земат предвид сите забелешки на приватните компании кои доколку се издржливи може да бидат опфатени во предложениот закон. Но, првичниот нацрт се чува подалеку од очите на јавноста.
Овој закон се очекува да биде продолжение на мерките за замрзнување на цените со кои во одредени периоди автономно се регулираше пазарот на големо и мало на прехранбени производи. До времето на енергетската и финансиската криза, вештачката инфлација на цените на пазарот од страна на приватните фирми се балансираше со владини одлуки, сега се очекува тоа да се регулира со закон, а стапката на добивка да надмине 10%. , велат надлежните. Колку од тоа ќе се постигне се очекува да се види од 1 јануари 2024 година.
Аднан Ќаили