КОШАРКАСПОРТ

Кошаркарот на Филаделфија, како пешак e удрен од моторно возило

Кошаркарот на Филаделфија 76, Кели Убре е пренесен в болница поради тоа што како пешак бил удрен од моторно возило.

Advertisements

Инцидентот се случил во центарот на Филаделфија, во близина на домот на Убре, а по прегледите, кошаркарот бил пуштен на домашно лекување. Сепак, тоа не значи дека останал без последици бидејќи американските медиуми пишуваат дека му претстои долга пауза.

Убре се пресели во Филаделфија во текот на летото од редовите на Шарлот каде ги помина претходните две сезони. Во НБА влезе во 2015 година кога беше избран како 15. пик од Атланта, но веднаш беше проследен во Вашингтон и таму играше во првите три сезони. Потоа замина во Феникс, а една година го носеше дресот и на Голден Стејт Вориорс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button