ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Коалицијата на албанските опозициски партии утре ќе ја формира пратеничката група во Собранието

Албанската опозиција ќе ја официјализира соработката во Собранието со формирање пратеничка група. За ваквата одлука првиот човек на Собранието ќе биде официјално информиран во понеделник, а овој чекор пред извесно време го најавија трите партии од Европскиот сојуз за промени. Потврда за Алсат доаѓа и од првиот човек на Беса, Билал Касами.

Advertisements

„Во понеделник пратеничката група ќе биде објавена во Собранието. Очекуваме дека со ова ќе одиме чекор понатаму и понатаму кон хомогенизација на опозицијата, кон факторизирање на гласот на опозицијата, кон кревање и зајакнување на гласот на опозицијата во Собранието, со што оценуваме дека опозицискиот гласач ќе бидете посигурен во неговиот глас за промени и политичка ротација“, рече Касами.

Беса има еден пратеник во Собранието, групата на Изет Меџити има тројца пратеници, а Алтернатива три пратеници. Но, не се знае дали пратеникот Хисни Исмаили ќе биде дел од оваа пратеничка група, кој пред извесно време најави дека е дел функционира како фракцијата одвоена од Алтернатива и дека ги прекинува внатре- партиските активности.

Европскиот сојуз за промени очекува да има свој претставник во Државната изборна комисија. Но, лидерот на Демократското Движење Изет Меџити во интервју за „Радио Слободна Европа“ вели дека постои ризик власта да ја спречи опозицијата да го добие ова право. Ова, според него, отвора сомнеж дека се подготвуваат за нефер и недемократски избори.

„Да, проблемот има име; Талат Џафери, ДУИ и Алијанса. Сакаат да не убедат во нешто за што немаат аргумент. Член на ДИК, претходно беше член на Алијанса, кој сега е министер за правда. Самиот факт што е министер покажува дека е дел од власта, од мнозинството и нема логика да тврдат дека ја претставува опозицијата. Ова оставаат лош впечаток дека нешто сецподготвува. Огласот е отворен и понудивме кандидат, тој е Абдуш Демири од Беса“, вели Меџити.

По затворањето на огласот, според законот, албанската опозиција треба да има и членот избран во Државната изборна комисија. Доколку тоа не се случи, Меџити вели дека ќе преземат порадикални демократски мерки.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button