ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сончево и умерено облачно, температури до 19 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност – ваква е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Advertisements

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од 2 до 8 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 10 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурите во главниот град денеска ќе се движат од минимални 6 до максимални 17 степени.

Слично време, според УХМР, се очекува и утре.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button