СПОРТФУДБАЛ

Хрватска легенда прв кандидат за нов тренер на Наполи

Наполи го „дрма“ криза, а капката која ја прели чашата беше поразот од Емполи среде Неапол (0-1). Шампионот игра многу бледо, различно и во ниту еден сегмент не наликува на ланскиот тим кој ја покори Италија по долго чекање.

Advertisements

Поради тоа, Аурелио Де Лаурентис се реши за теренерска смена. Руди Гарсија ќе добие отказ во текот на денот и ќе биде заменет. Стручњакот кој летово го презеде тимот апсолутно не се прослави, по 12 одиграни натпревари Наполи има дури 11 бода помалку од истото тоа време минатата сезона. Поразот од Емполи му пресуди на Гарсија, а неговото столче се тресеше веќе некое време.

Како прво име за негов наследник според најавите на Фабрицио Романо е хрватската легенда Игор Тудор. Тренерот кој последно работеше во Олимпик Марсеј, но од летово е без ангажман. Италија е практично домашен терен за Тудор, бидејќи таму се прослави како играч на Јувентус, а потоа ги тренираше Удинезе и Верона. Покрај овие три тима, Тудор ги водеше уште Хајдук, ПАОК, Карабукспор и Галатасарај, а беше и асистент во Јувентус.

Се очекува Де Лаурентис и Тудор веднаш да имаат состанок и да преговараат за тој да го преземе тимот за време на репрезентативната пауза. Тоа е идеален момент за промена на тренер среде сезона, бидејќи има без малку две седмици до следниот натпревар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button