ВЕСТИЗДРАВСТВО

Сензори за контрола на дијабетес за 650 пациенти

Близначките Јана и Јована се првите две пациенти кои примија сензори за безболно мерење на шеќер во крвта. Тие имаат дијабетес веќе 12 години, а според нив, ваквиот начин на мерење на шеќерот во крвта им го олеснува животот на нив и на нивните родители.

Advertisements

Покрај Јана и Јована, имаше и други деца кои чекаа на ред да ги добијат сензорите.
Министерот за здравство Фатмир Меџити соопшти дека се набавени сензори за 650 пациенти, поточно за деца и млади до 18 години со дијабетес тип 1.

„Овие сензори беа само сон и денес се реалност“, рече Меџити.

Според министерот Меџити, сензори ќе добијат и трудниците и слепите, а останатите сензори ќе ги добие Универзитетската клиника за ендокринологија.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button