ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиите без детали за денешната координација за датумот на изборите

Ниту една парламентарна политичка партија не кажува каков е епилогот од денешната координација во Собранието на која требаше да се расправа за работната група за одредување датум за избори. Секој од нив останува на претходните ставови.

Advertisements

Од СДСМ велат дека изборите треба да бидат согласно роковите.

Подолго време ВМРО-ДПМНЕ не учествува на вообичаената координација во Собранието во понеделник. Од оваа партија не потврдуваат дали денеска направиле исклучок и биле таму. Накратко велат дека изборите треба да бидат двојни.

Албанската опозиција, пак, не е информирана за координацијата и нејзините заклучоци. Велат дека сега кога се формална пратеничка група треба да се вклучат во преговорите за датумите на изборите.

„Не, ниту за ова не сме информирани, како што претходно не бевме запознаени со промените што беа направени“, рече Изет Меџити, претседател на Демократско движење.

„Секако дека сега сме пратеничка група. И досега соработувавме како три политички партии во Собранието. Секако дека сега како пратеничка група очекуваме да бидеме дел од тие разговори“, рече Фадил Зендели, Движење Беса.

Неофицијално се дознава дека на координација уште еднаш се разгледани можните датуми за одржување на изборите согласно важечките одредби од Изборниот законик.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button