ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Претседателот на Народното собрание на Бугарија во посета на Скопје

Претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Росен Жељасков денеска ќе престојува во работна посета на Собранието на Република Северна Македонија.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Жељасков ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери, по што е најавено двајцата да дадат изјава за медиумите.
Предвидено е Жељасков да го посети и гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Во 13 часот во Археолошкиот музеј, двајцата ќе се обратат на свеченото отворање на изложбата „Сребрена Тракија“.