ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хаос на автобуските станици во Скопје

Ваква беше состојбата денеска со градските автобуси во Скопје.

Advertisements

Повозрасните граѓани, трудниците, болните и учениците кои доцнеа на училиште чекаа да најдат место во преполните автобуси за да стигнат до нивните дестинации.

Додека граѓаните се туркаа да најдат место во ретките автобуси, некои други остануваа да го чекаат следниот.

Се чекаше и гласањето за буџетот за субвенционирање на ЈСП, кое беше закажано за вонредна седница. Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска веднаш ги потсети советниците од ВМРО ДПМНЕ за ветувањата.

Вонредната седница за зголемување на буџетот за субвенционирање на ЈСП се очекуваше да биде 110 милиони денари или од 440 милиони денари колку што беше досега на 550 милиони. Средствата предвидуваат покривање на трошоците и платите на вработените во ЈСП.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button