ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
БЕСА: „Кога СДСМ бил во опозиција, имал само една цел…“

Движењето Беса оценува дека застарувањето на предметите против поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, како за други обвинети за криминал, докажува дека кога СДСМ бил во опозиција, имал само една цел, како да дојде на власт. Потоа, според БЕСА, целта на социјалдемократите била да се спојат со ДУИ и да ги заштитат криминалците од претходната власт за заедно со нив да продолжат со криминалот, тендерите, корупцијата и личното богатење. За сметка на тоа граѓаните осиромашуваат, а државата не се движи кон ЕУ, сметаат од БЕСА.