ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мендух Тачи и Бедредин Ибрахими нема да одлежат ниту еден ден затвор

Правосудниот систем го спаси „Титаник“ од потонување. Ја злоупотребија и манипулираа со волјата на граѓаните, барем според објавените прислушувања, но пред правдата излегоа над законот. Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибрахими, Влатко Сајковски, Анета Стефановска и Сашо Срцев се спасија од обвинувањата за манипулација со изборниот процес во 2013 година. Сето тоа благодарение на неодамнешните измени во Кривичниот законик.

Advertisements

За Мијалков, кој во „бомбите“ на СДСМ се слушаше како бара од првиот човек на ДПА Мендух Тачи, нивниот член во Државната изборна комисија, Бедредин Ибрахими, да гласа дека имало нарушување на изборниот процес на избирачко место во Струмица, обвинението е повлечено поради застарување. Апелациониот суд се повика на Законот за кривична постапка, член 402. И покрај оваа одлука, делото на Мијалков застаре уште на 7 април годинава.

Тачи, Ибрахими, Срцев, Стефановска и Сајковски беа осудени на условни казни и покрај тоа што во првостепеното решение по повторното судење беа осудени на ефективна казна затвор. Со првата пресуда од 08 март 2019 година, сите обвинети добија вкупно 19 години и 8 месеци затвор и тоа: Мијалков три години, Тачи три години и два месеци, Ибрахими четири и пол години, а другите по три. Но, во декември истата година Апелација ја укина пресудата и предметот го врати на повторно судење. Тогаш второстепниот суд утврди дека во првостепената пресуда биле направени суштински повреди и затоа треба да оди на повторно судење.

„Титаник 2“ како обвинение што го поднесе поранешното Специјално обвинителство. Се однесуваше на договорот и влијанието на поранешниот директор на тајната служба врз членовите на ДИК преку првиот човек на ДПА за поништување на гласањето на избирачко место бидејќи тоа би му го отворило патот кандидатот во Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пешев, да може да создаде предност против Зоран Заев од СДСМ. Според објавените разговори, Тачи преку телефон побарал од Ибрахими да гласа за поништување, бидејќи, за возврат, договорот бил ВМРО да поддржи поништување на гласањето на едно избирачко место во Чаир.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button