Синер го совлада Ѓоковиќ во тричасовниот маратон во Торино

Јаник Синер го совлада Новак Ѓоковиќ и се наоѓа на чекор до полуфиналето на Мастерс Купот, последен турнир во календарската година. Во меч во кој Новак направи само еден брејк, Синер славеше во маратон од три часа со 2-1 во сетови (7-5, 6-7/4, 7-6/2).
Ѓоковиќ загуби на првиот меч, откако го осигура првото место на АТП листата на крајот на годината. Во првиот сет италијанецот го одзеде сервисот на србинот во единаесеттиот гем и веднаш потоа го потврди сетот. Голема драма донесе вториот сет во кој решаваше тај-брејкот. Се играше израмнето до 4-4, а потоа пресуди менталната стабилност на Ѓоковиќ.
Третиот сет беше вистинска драма. Прв направи брејк Синер, но Новак веднаш возврати. Пак решаваше тринаесеттата игра, а во неа Синер беше доминантен и славеше со 7-2.