ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од денеска стартува обврската за задолжителна зимска опрема

Од денеска до 15 март, согласно одребите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, информираат од Министерството за внатрешни работи информира (МВР).

Advertisements

Како зимска опрема на моторните возила кои не надминуваат 3 500 килограми се зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 4 мм и пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4×4): зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм и пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег. Во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button