ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учениците Албанци од Идризово од понеделник ќе учат во Чаир

Учениците Албанци од Идризово кои веќе треба да бидат шесто одделение, а сè уште не ја започнале учебната година, од понеделник ќе учат во основното училиште „Конгреси и Манастирит“ во Чаир. Ова за Алсат го потврди министерот за образование Јетон Шаќири, повторувајќи дека решението е привремено. Покрај оваа одлука, Шаќири ја започна и постапката за одземање на надлежностите за училиштето „Његош“ од општина Гази Баба поради неотворање на албанската паралела за учениците од шесто одделение и за отпуштање на директорот. Ова ги револтираше родителите на учениците Македонци од ова училиште кои од денеска започнаа целосен бојкот на наставата. За ваквата одлука ја известија и општина Гази Баба. Покрај бојкотот, родителите бараат и премиерот Димитар Ковачески да реагира и да организира протести на улиците и пред Министерството за образование.

Advertisements

Во меѓувреме, вицепремиерот Артан Груби, слично како во предизборната кампањи, вети дека ќе се изгради училиште во Идризово.

„Не можам да ги разберам ниту родителите, ниту градоначалникот кои имаат предрасуди да учат учениците на нивниот мајчин јазик. Градоначалникот на општината бара нова зграда за да учат учениците Албанци што е невидена сегрегација, но што е потребно ќе направиме за да се реши и ова прашање“, рече Груби.

Родителите и учениците од село Идризово повеќе од една деценија бараат настава по албански јазик од шесто до деветто одделение во основното училиште „Његош“. Изградба на училишна зграда ветуваа речиси сите министри за образование од редовите на ДУИ.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button