ДКСК со иницијативи за кривично гонење на директорот на Агенцијата за филм

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) донесе одлука да поднесе иницијатива за одговорност до Владата за кривично гонење за несовесно работење и трошење на буџетски средства на директорот на Агенцијата за филм.
Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, која детално го образложи случајот со Агенцијата за филм, ревизорските извештаи за финансиското работење на Агенцијата и документите што се проверувани, меѓу кои и за вработувањата во Агенцијата и ангажирање експерти и лица со договор на дело, истакна дека Владата треба да ги слуша нивните препораки и да ги препрочитува ревизорските извештаи.
„Глава не можеме да кренеме од партиски вработувања“, рече претседателката на ДКСК во однос на ангажирањето на вршители на должност во некои институции и вработени со авторски договори.