ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Артан Груби откри дали ќе стане првиот премиер Албанец

Деновиве политичките партии ќе разговараат за усогласување на ставовите за датумот на следните парламентарни и претседателски избори, најави вицепремиерот Артан Груби. Од ДУИ порачаа дека се подготвени за сите можни датуми, било за одвоени или двојни избори. Груби рече дека 100 дена пред избори ќе има премиер Албанец, но оти тој нема да биде кандидат за таа функција, туку некој друг кандидат за кој ќе одлучи Али Ахмети.

Advertisements

„Не се гледам себеси на позицијата премиер Албанец во последните 100 дена од техничката влада. ДУИ и Али Ахмети ќе предложат кандидат кој ќе ја изврши таа задача за да го скрши табуто за преземање одговорност во извршната власт од страна на Албанец за да ја предводи оваа влада“, рече Груби.

Груби ја коментираше и изјавата на претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој ја отфрли можноста за предизборна коалиција со ДУИ. Груби вели дека имаат одлични односи со Алијанса и не ја исклучи можноста за соработка на изборите.

„Имаме одлични односи со Алијанса за Албанците и нè обединува идејата за интеграција во Европската Унија, унапредувајќи ги овие заеднички идеи и за соработка на претстојните парламентарни и претседателски избори“, додаде Груби.

„Имаме партиска одлука каде е наведено дека Алијанса за Албанците сама ќе оди на избори. За оваа одлука да биде конечна Алијанса за Албанците треба да одржи Централно собрание и оваа дилема ќе заврши. Уште на последната средба со г-нот Ахмети му реков дека Алијанса за Албанците е решена да се кандидира сама на избори. Веројатноста за излегување со ДУИ е нула и тоа е јасно“, рече Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците.

Исуф Кадриу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button