ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија ќе добие пари за да ги префрли на гас РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј

Европската банка за обнова и развој, Светската банка и другите кредитори ќе поддржат план од 4 милијарди евра за одвикнување на Северна Македонија од енергијата на јаглен, објави агенцијата Ројтерс. Договорот, кој се очекува да биде објавен на разговорите за климата во Дубаи на 30 ноември, според ЕБРД, ќе постави план за затворање на двете електрани на јаглен РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј и нивно префрлање на работа со природен гас со можност за производство до 1,7 гигавати струја од обновлива енергија.

Advertisements

„Јагленот во Северна Македонија претставува 40% од изворот на енергија, така што е многу висок, многу е важен. Ова е пример за тоа што би сакале да покажеме на COP28, да го претставиме овој пристап и што може да даде, како и посветеноста на земјата“, вели Одил Рено-Басо, претседател на ЕБОР.

Земјава, според Европската банка за обнова и развој, со години работела на оддалечување од јагленот, откако Обединетите нации во 2018 година Скопје го прогласија за најзагаден град во Европа.

Но, во 2021 година, електраната на јаглен, ТЕЦ Осломеј, беше повторно ставена во функција за да се намали увозот на струја. Двете електрани на јаглен се застарени и согоруваат лигнит кој многу загадува. Фондот за климатски инвестиции на Светската банка потврдува дека С Македонија е во трка за 85 милиони долари концесиско финансирање. Од Фондот соопштија дека инвестицискиот план, вклучително и конкретната сума на пари, ќе одат на одобрување кај раководното тело на почетокот на следната година.

Претседателот на ЕБОР најави дека покрај околу 300 или 400 милиони евра концесиско финансирање, пари би дошле и од мултилатерални кредитори како што се Меѓународната финансиска корпорација и приватниот сектор.

Меѓународната финансиска корпорација соопшти дека зелената транзиција, вклучително и за С Македонија е еден од нејзините врвни приоритети, но оти засега не може да потврди никакви детали од планот. С Македонија ѝ се приклучи на Алијансата на држави посветени на постепено укинување на енергијата од јаглен во 2021 година.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button