ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пуштен во употреба патот што води до викендиците на Попова Шапка

Отворен патот до викендиците на Попова шапка, за кои работите почнаа пред еден месец.. Капитална инвестиција на општината резултираше со асфалтирање на сегмент од овој пат кој води од скијачката патека до викендиците. Првиот човек на Општина Тетово, Билал Касами најави урбанистички план со кој се предвидува изградба на одморалишта на Попова шапка.

Advertisements

„Нашиот ангажман за Попова шапка ќе продолжи, силно верувам дека пред крајот на годината ќе имаме завршување на Урбанистичкиот план кој ќе овозможи развој на туризмот, со што на пролет ќе може да се започне со изградба на одмаралишта, но и изградба на викендици. Исто така, работите продолжуваат со пробивање на новиот пат, кој е подеднакво неопходен за овој туристички центар и полека ја трансформираме оваа атракција во регионален центар на зимскиот туризам“, рече Касами.

Според градоначалникот на Тетово, напролет ќе продолжи и асфалтирањето на останатиот дел од патот, а се очекува да се изгради и канализациската мрежа и станицата за филтрирање на отпадни води.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button