
Милвоки Бакс славеа против Далас Маверикс со 132:125. Мечот мина во знакот на најголемите ѕвезди во двата тима. Јанис Адетокумбо ги предводеше Бакс со 40 поени, 15 скока и седум асистенции, а Демијан Лилард додаде 27 поени и 12 асистенции. Во тимот на Далас Кајри Ирвинг постигна 39 поени и имаше шест асистенции, а Лука Дончиќ забележа 35 поени, девет скока и девет асистенции.
Спектакуларен натпревар во НБА лигата одиграа Голден Cтејт Вориорс и Оклахома Cити Тандер. Кошакарите на Оклахома најпрвин на волшебен начин се изборија за продолжение, а потоа славеа победа 130:123. Голден Cтејт е во криза, ниту враќањето на Стеф Кари не им помогна да го избегнат шестиот пораз на последните шест натпревар. Оклахома ја предводеше Шеј-Гиџис Александер со 40 поени, седум скока и шест асистенции. Дебитантот Холмгрен имаше рекордни 36 поени, 10 скока и пет асистенции. Во тимот на Голден Стејт најефикасни беа Ендрју Вигинс со 31 поен, Стеф Кари со 25 и Клеј Томпсон со 16 поени. Крис Пол додаде 12 поени и 11 асистенции.
Во останатите натпревари, кошаркарите на Минесота го победија Њу Орлеанс со 121:120, а Њујорк го победија Шарлот со 122:108 и ја постигнаа третата последователна победа.
Сан Антонио загубија од Мемфис со 108:120 и го забележаа осмиот пораз по ред, додека Чикаго ја прекина серијата од седум победи во која беа кошаркарите на Мајами. Чикаго против Мајами славеше 97:102.