СПОРТФУДБАЛ

Англичаните нема да тренират на арената „Тодор Проески“

Фудбалската репрезентација на Англија попладне ќе допатува во Скопје. Експедицијата на гордиот Албион ќе биде сместена во хотелот „Мериот“, а селекторот Герет Саутгејт и фудбалерите нема да го одржат официјалниот тренинг на арената „Тодор Проески“.

Advertisements

Со оглед дека новиот терен е тукушто поставен, aнгличаните нема да тренираат на арената. Тие побарале да одржат кус тренинг во СЦ „Јане Сандански“, веднаш откако ќе пристигнат во нашиот главен град.

Натпреварот меѓу Македонија и Англија е закажан за утревечер, со почеток во 20.45 часот, на арената „Тодор Проески“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button