СПОРТФУДБАЛ

Бекам се обидува да го убеди де Хеа, да потпише за Интер Мајами

Дејвид Бекам, се обидува да го убеди шпанскиот голман Давид де Хеа да потпише со американскиот клуб. Изненадувачки, Де Хеа остана без тим откако летово го напушти Манчестер Јунајтед. Иако стана една од легендите на „црвените ѓаволи“ и беше еден од врвните голмани во Европа, понудите за него речиси и да отсуствуваат.

Advertisements

Се шпекулира дека шпанскиот Бетис сака да го ангажира голманот, но тоа би можело да се случи во јануари. Желбата на Де Хеа е да остане во Европа, но во последен момент пристигна понудата од Бекам која може да ја промени ситуацијата.

Присуството на Меси во тимот на Интер Мајами исто така може да има влијание врз одлуката на Де Хеа. Таму играат и поранешните соиграчи на Шпанецот, Жорди Алба и Серхио Бускетс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button