МАКЕДОНИЈА

Грковска вели дека покажала интегритет и стручност во работата

Институциите можат да бидат ефикасни и да им служат на граѓаните само со јасни планови и мерливи индикатори за успешност, рече Славица Грковска, вицепремиерка за политики за добро владеење на отворањето на работилницата „Институциите за граѓаните“, организирана од Центарот за управување со промени, во рамки на проектот „Преиспитување на управувањето“. Но, и покрај ова, таа се согласува дека ресорот што го води не можел да направи многу во врска со сомневањата за злоупотреби од страна на институциите.

Advertisements

Таа беше прашана и за државната лотарија која е цел на обвиненија за корупција и организиран криминал, но Грковска рече дека како ресор нема механизам за преземање мерки и затоа ги повика истражните органи да постапат.

Од Грковска неколку пати беше побарано да заземе став во врска со злоупотребата на службените автомобили и кабинети од функционери на ДУИ, но освен осуда, не се преземени никакви мерки.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button