ВЕСТИСВЕТ

Ослободувањето на првите заложници од Појасот Газа во Израел нема да се случи пред петок

Ослободувањето на првите заложници од Појасот Газа во Израел нема да се случи пред петок, пренесе ДПА повикувајќи се на израелски медиуми.

Advertisements

Израелскиот советник за безбедност Цачи Ханегби изјави дека ослободувањето на заложниците нема да почне пред петок, јавија израелскиот весник „Харец“ и каналот Н12. Претходно се очекуваше првата размена да се случи денеска.

„Преговорите за ослободување на нашите заложници постојано напредуваат. Ослободувањето ќе почне според првичниот договор меѓу страните и не пред петок“, ја цитира „Харец“ изјавата на Ханегби.

Точните причини за одложувањето засега се нејасни. Според извештаите, дискусиите за точните услови на прекинот на огнот најверојатно сè уште не се финализирани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button