МАКЕДОНИЈА

Крмов: Гласањето за Деловникот е генерална проба за Бугари во Уставот

Нашето однесување во Собранието беше реакција на нивното шверцерско носење на Деловник и неуставно фрлање на нашите 2.400 амандмани во корпа. Џафери направи груб фалсификат и тоа е резултат на неказнивост, вели пратеникот на Левица, Борислав Крмов, во гостувањето во емисијата „Што мисли народот” на Телевизија Стар.

Advertisements

„По наша проценка, Џафери ова го направи под директен притисок на ДПМНЕ. Полесно ќе му беше на Џафери сето ова да го заврши на Комисија, каде нема никакви новинари. Кога видоа ДПМНЕ дека ние го враќаме филибастерот, тие се убедени дека ќе бидат новата власт и тие не сакаат главоболка. Сакаат буквално диктатура и Собранието да носи закони на брза лента“, вели Крмов.

„ДПМНЕ сега глумат патриоти и нема сега да ги стават Бугарите во Уставот, ама апсолутно ќе ги стават после избори. Народот треба да знае дека ДПМНЕ тоа што го направи со Деловникот е генерална проба за како ќе се внесат Бугарите во уставот. Сите три заедно – ДПМНЕ, СДС и ДУИ, милум или силум“, додава Крмов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button