СПОРТФОРМУЛА - 1

Хорнер: Хамилтон, самиот се нудеше да потпише за Ред Бул

Првиот човек во формула 1-тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, потврди дека возачот со најмногу победи во историјата, Луис Хамилтон, самиот се нудел да потпише за ова екипа, за да може повторно да се бори за шампионска титула.

Advertisements

Тој откри дека преговорите се воделе во текот на оваа година, а откако му станало јасно дека нема да се пресели во Ред Бул, британскиот возач седнал на маса со Мерцедес и потпишал нов договор.

„Имавме неколку разговори со Хамилтон низ годините, за тој да дојде и во Ред Бул. Последен пат луѓето од неговиот тим ни пристапија на нас, беше почеток на годината и сакаа да знаат какви се шансите Луис да дојде и да вози за нашиот тим. Одговорот беше негативен, по што тој веднаш се договори со Мерцедес. Размислував кратко, но не можев да замислам како Макс и Луис би работеле заедно. Би можеле да си создадеме непотребно многу проблеми, вистината е дека ние сме пресреќни со она што го имаме како возачи во моментов“, изјави Хорнер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button