ВЕСТИЗДРАВСТВОСВЕТ

Кина даде податоци за респираторните заболувања и жариштата на пневмонија кај децата

Кинеските здравствени власти не откриле никакви невообичаени или нови патогени и ги дадоа бараните податоци во врска со зголемувањето на респираторните заболувања и пријавените жаришта на пневмонија кај децата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Advertisements

СЗО претходно побара од Кина повеќе информации за недијагностицираната пневмонија која наводно се шири меѓу децата во северниот дел на земјата и ги повика кинеските здравствени власти да преземат мерки за намалување на преносот на болеста.

Кина, во согласност со правилата, одговори на СЗО во рок од 24 часа.

СЗО побара и епидемиолошки и клинички информации, како и лабораториски резултати преку механизмот на меѓународните здравствени регулативи.

Според извештаите, податоците обезбедени од Кина укажуваат дека зголемувањето на респираторните заболувања е поврзано со укинувањето на ограничувањата наметнати поради коронавирусот, со циркулацијата на познати патогени како микоплазма пневмонија, бактеријата која предизвикува инфекција која обично ги погодува помалите деца, а циркулира од мај.

Одредени кинески медиуми претходно објавија дека детските болници во делови од земјата се полни со болни деца.

Кинеските власти, наглиот пораст на заболувања слични на грип, го поврзуваат со укинувањето на мерките против коронавирусот, објави претходно Би-би-си.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button