
Унион Берлин го отпушти тренерот Урс Фишер по пет години и големи успеси. Сѐ тргна наопаку за Унион оваа сезона и тимот кој игра во Лигата на шампионите моментно е последен во Бундес-лигата. Клубот има две победи и девет порази во 11 кола од германскиот шампионат, а в сабота го пречекува Аугсбург.
На тој натпревар тимот ќе го предводи привремениот тренер Марко Гроте, а негова помошничка на клупата ќе биде Мари-Луиз Ета (32) од Дрезден.
Пред неколку години поради повреди таа ја заврши играчката и ја започна тренерската кариера, а сега стана прв женски тренер во машка екипа на бундеслигаш во историјата на германскиот фудбал.