ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата одобри МНР да одлучи дали ќе дозволи слетување на авионот на Сергеј Лавров во Скопје

Владата му пренела овластување на Министерството за надворешни работи (МНР) на Северна Македонија да одлучи дали ќе се тргне забраната за прелет на руски авион со што ќе се овозможи руската делегација, вклучително и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, да слета во Скопје за Министерскиот совет на ОБСЕ што треба да се одржи на 30 ноември и 1 декември.

Advertisements

Информацијата преку соопштение ја потврдија од МНР, а одлуката била донесена денеска (24 ноември) на владина седница.

Ако забраната биде повлечена, тоа би значело дека ќе нема формална пречка за авион, во сопственост на руската држава, да слета на некој од аеродромите во Македонија.

Прашање коешто веројатно ќе остане отворено е дали соседните држави ќе дозволат прелет на рускиот авион над нивната територија.

Одлуката, поточно измените на актуелните рестриктивни мерки за Руската Федерација воведени по агресијата на Украина, доаѓа во пресрет на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој треба да се одржи од 29 ноември до 1 декември во Скопје.

Засега нема потврда дека ова значи и доаѓање на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на министерскиот состанок на ОБСЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button