ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Облачно со услови за снег и дожд

Облачно и студено време прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска.
На планините и на повисоките места, особено во западните делови, се очекува нова снежна покривка, а врнежи од снег се очекуваат и на дел од пониските места, кои во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Претпладне на места ќе има услови за замрзнат дожд.