ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Денеска генерална проба за состанокот на ОБСЕ, затворени дел од сообраќајниците во Скопје

Во Скопје денеска ќе се одржи генерална проба за претстојниот Министерски совет на ОБСЕ. Поради тоа, Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во периодот од 9 до 12 часот ќе важи посебен сообраќаен режим, а за сообраќај ќе бидат затворени неколку улици.
„Имено за сообраќај ќе бидат затворени следните улици: булеварот ‘Илинден’ од крстосницата со булеварот ‘Св.Климент Охридски’ до крстосницата со улицата ‘Љубљанска’, како и булеварот ‘8 Септември’ од крстосницата со улицата ‘Скупи’ до крстосницата со булеварот ‘Партизански Одреди’“, информираат од МВР.
Поради посебниот режим на сообраќај, во периодот од 9 до 12 часот изменет возен ред ќе имаат и автобусите со број 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118.