МАКЕДОНИЈА
Денеска променливо облачно со услови за магла

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува и преку ноќта во крајните западни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Како што соопштија од УХМР, преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 15 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.