СПОРТФУДБАЛ

Богата понуда, Анчелоти се враќа во Премиер Лигата?!

Карло Анчелоти би можел повторно да води клуб во Премиер лигата. Така барем тврди новинар близок до Реал Мадрид, со кој Анчелоти има договор до крајот на сезоната.

Advertisements

Анчелоти беше поврзуван со бразилскиот фудбалски тим, но љубителите на најважната споредна работа во светот најверојатно ќе продолжат да го следат во Европа. Имено, последните информации говорат дека Анчелоти ќе се врати на Островот каде ги водеше Челзи и Евертон. Наводно на маса има понуда од Манчестер Јунајтед која е многу примамлива за него. Оваа информација ја изнесе Аранча Родригез, новинар близок до Реал Мадрид.

„Понудата од бразилците не е единствената што ја има Анчелоти на маса. Исто така, му е понудена можност да води голем клуб од Премиер лигата кој бара соодветен тренер за следната сезона. Тоа не е Евертон, тоа е Манчестер Јунајтед,” информираше Родригез.

Не треба да чуди што Анчелоти се поврзува со „црвените ѓаволи“, чии навивачи и покрај последните две победи во првенството се разочарани од резултатите на своите миленици сезонава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button