ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски ја прифати поканата за лидерска, но сака да се зборува и за укинување на техничката влада

ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа поканата за средба на лидерите на политичките партии за в понеделник. Нејзиниот лидер Христијан Мицкоски на оваа средба ќе инсистира на укинување на техничката влада и очекува конечно да биде одреден датумот на изборите.
ВМРО-ДПМНЕ побара средбата да се одржи порано во понеделник поради обврските на Мицкоски.. Пред да бидат испратени поканите, Ковачевски за лидерската средба информираше на на прес-конференцијата со шефот на дипломатијата на ЕУ, Џозеф Борел.
Лидерска средба се очекуваше подолго време – 8 мај засега останува прифатлив датум за парламентарни избори и за втор круг на претседателски.
Фатлуме Дервиши