СПОРТФУДБАЛ

Интер Мајами, ги распродаде сите сезонски билети

Интер ги распродаде сите сезонски билети за регуларниот дел од следната сезона во МЛС, потврди клубот на социјалните мрежи. Американските медиуми потсетуваат дека во септември Интер најави двојно поскапување на сезонските билети за 2024 година.

Advertisements

Во соопштението на клубот од Мајами се наведува дека навивачите ќе можат да купат билети за поединечни натпревари во МЛС лигата.

Тие билети ќе бидат пуштени во продажба откако ќе биде објавен распоредот на МЛС. Распоредот на регуларниот дел од следната сезона ќе биде објавен до крајот на годината. Меси во летниот преоден рок пристигна во Интер без обештетување, откако му истече договорот со Пари Сен Жермен. Тој одигра 14 натпревари за клубот од Мајами и постигна 11 гола, со што го предводеше тимот до историскиот, прв трофеј во МЛС Купот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button