ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОБСЕ доби нов претседавач, продолжен „векот“ на организацијата

57-те земји-учеснички во ОБСЕ едногласно одлучија – Малта ќе биде наредниот претседавач со оваа организација. Сепак, ќе останат голем број предизвици, особено поради тоа што не е изгласан буџетот на ОБСЕ за наредната година. Од она што е сепак позитивно е дека е продолжен мандатот за нови девет месеци на четирите високи комесари на организацијата, без чија работа би се ставило под знак прашалник функционирањето на ОБСЕ. За нивни наследници сепак не беше постигнат консензус.

Advertisements

Прашалниците за постоењето на ОБСЕ произлегоа од руското вето при носењето на значајните одлуки. Според претседавачот Бујар Османи во разубедувањето на Русија, која попушти за Малта како кандидат, не бил направен компромис со принципите на организацијата.

„Руската агресија е спротивна на основните приниципи на нашата организација и предизвика огромно страдање во Украина, но исто така беше предизвик за егзистирањето на организацијата. И затоа резултатот од овој совет е револуционерен затоа што најголем дел од присутните се собраа овде и ја истакнаа својата посветеност на основните принципи на организацијата. Јас сум министер на земја која направи многу тешки  компромиси и кои беа многу поболни, но овој компромис беше потребен за ОБСЕ да продолжи да работи“, рече Османи.

Наследникот на Османи, министерот за надворешни работи на Малта Јан Борг, порача дека Украина мора да си ја врати сувереноста над територијата и да запре страдањето на украинскиот народ.

„Нашата организација е основана на заеднички принципи и вредности, таа е инклузивна платформа за ефективен дијалог. Мора да се фокусираме на завршување на војната и конфликтот. Руската воена агресија против Украина мора да запре“, рече Борг.

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, која ќе остане на оваа функција и во наредните девет месеци, сепак е загрижена за буџетот и очекува да има решение и за ова прашање до крајот на годинава.

„ОБСЕ ќе продолжи да испорачува и покрај ваквите услови и непостигнувањето договор за буџетот. Тоа што немаме буџет е вистински проблем и ако не е усогласен до крајот на декември ќе треба да работиме со средствата од последниот буџет од 2021 година, кој не одговара на бројките од инфлацијата“, рече Шмид.

По дводневниот самит во Скопје, Османи оцени дека ОБСЕ е спасена од пропаст, а причина за тоа е умешноста на домашната дипломатија.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button