
Работи во старски дом, но нема здравствено осигурување, зема минимална плата, но платено боледување нема.. Ова е приказната за Билјана Џонова, која е една од 2300-те привремени здравствени работници кои ја делат истата судбина. Таа беше учесник на протестот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, на кој побара зголемување на платата за 79 проценти.
Синдикалците велат дека состојбата е лоша речиси во сите области, и бараат итно да се донесе законот за работен однос, да се потпише колективниот договор и да им се исплатат платите на работниците.
Ајнур Бафќари