ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Николовски: РЕК Битола склучила договор до 9 милиони евра со омилената фирма на власта

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта за скандалозни договори со кои милионски суми завршуваат во приватни џебови. Потпретседателот на оваа партија Александар Николовски вели дека според последниот договор вреден 9 милиони и 200 илјади евра, РЕК Битола ќе плаќа по 63 илјади евра дневно на фирмата Марковски од Битола за користење на 10 булдожери.
Прашува колку булдожери можеле да се купат со 9,2 милиони евра кои би биле во сопственост на државата. Николовски понатаму подвлече дека оваа компанија ги добива сите можни тендери во РЕК Битола, притоа додавајќи дека со антикризните мерки се мамат граѓаните со по 500 до 1000 денари месечно, а од друга страна ги полни џебовите на други приватни лица.
Ајнур Бафќари