МАКЕДОНИЈА

По најавите за долга и студена зима, граѓаните велат дека имаат доволно дрва за греење

Граѓаните се подготвени за зимската сезона. Велат дека имаат доволно дрва за греење што им останало од минатата зима, а купиле и дополнителни количини.

Advertisements

Прашање: Дали купивте доволно дрва и како ви изгледаа цените годинава?

– Јас сум пензионер, купивме 8 метри кубни, цените се високи, но што да правиме…имаме резерви бидејќи зимата може да биде долга, вели еден граѓанин.

Директорот на Шумското претпријатие вели дека сегашните услови говорат за рана зима и тоа претставува проблем за претпријатието кое се занимава со сечење, собирање и дистрибуција на дрва. Тој вели дека има доволно количество на дрва за греење, додека во текот на годината имало мала побарувачка за нивно купување.

Цената на дрвата во магацините на Претпријатието „Национални шуми“ е 3500 денари, додека во приватните складишта цената варира од 4300 до околу 5000 денари за метар кубен, во зависност од понудата, побарувачката и регионот во кој се наоѓа складиштето.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button