СПОРТФУДБАЛ

Лигата Ц во Лигата на нации, Македoнија во третиот шешир

Фудбалската репрезентација на Македонија повторно ќе биде дел од Лигата Ц во Лигата на нации. Ждрепката во февруари, Македонија ќе ја чека од третиот шешир. УЕФА реши од од овој циклус да воведе мали промени. Од Лига Ц, во Лига Б ќе се пласираат победниците на групите, додека второпласираните ќе играат бараж со третопласираите од Лига Б. Како и досега последнопласираните репрезентации ќе изпаднат во Лига Д.

Advertisements

Прв шешир: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург

Втор шешир: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови

Трет шешир: Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар

Четврт шешир: Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија

 

Ждрепката за Лигата на нации ќе биде извршена на 8 февруари наредната година во Париз. Натпреварите во Лигата на нации ќе се играат во септември, октомври и ноември наредната година, а плеј-офот во март 2025 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button