Градоначалник спречил да се сечат борови, реагира ЈП Македонски шуми

Под сомнение за прекршување на дозволата од ЈП Македонски шуми и нанесување голема штета на природата од страна на приватна компанија, градоначалникот на Желино забранил сечење на борова шума. Според него, претпријатието не треба да дава дозвола за сечење борови.
„Одлуката со која претпријатието Македонски шуми дозволува сечење на овие скапоцени дрвја, за нас претставува одлука против зачувување на животната средина и брутално оштетување на природата. Оваа одлука за нас е и ќе биде неприфатлива. Изјавуваме дека во ниту еден момент нема да дозволиме натамошно сечење на боровите кои се многу ретки и стари со децении кои го чистат нашиот воздух и убиваат штетни микроорганизми. Затоа, кога станува збор за нашето здравје, ние не признаваме никаква одлука или овластување, без разлика дали е приватна или државна, па не го признаваме ниту овој договор. Денеска со механизација на општината го блокиравме патот кој води до местото, а на ова место од вчера до недела постојано ќе патролираат инспекторите на општина Желино“, рече Блерим Сејдиу, градоначалник на општина Желино.
Но, од Македонски шуми ги отфрлаат ваквите тврдења на градоначалникот. Оттаму велат дека фирмата што го добила тендерот ги почитува сите правила предвидени во договорот.
„Градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу, изгледа нема време да се занимава со работите на општината што ја води, па се занимава со дневна политика, па дури и се труди да ги работи работите на Национални шуми. Го известуваме првиот човек на општина Желино да не се занимава со дневна политика и да ги поттикнува жителите на дефокусирање на оние кои се држат настрана од сопствените неуспеси и неисполнувањето на работите што ги ветија, обвинувајќи ги другите. Фирмата која го доби тендерот за сечење дрва ги почитува сите нормативи, а во случај на нивно прекршување инспекторатот и шумската полиција ќе ги преземат неопходните строги мерки“, вели Сафет Мифтари, директор на Македонски шуми.
Од вчера е затворен патот низ кој фирмата за сеча на дрва ги поставила своите машини.
Башким Сулејмани